Туск: Европа има еднакви права да зборува за својата величественост како и САД
Полскиот премиер Доналд Туск денеска од Европскиот парламент ги повика граѓаните на Европа да се ослободат од комплексите во односите со Америка, истакнувајќи дека Европа има еднакви права и основи да зборува за својата величина и достигнувања како и САД.
– Таа политичка промена во САД предизвика дезориентација кај некои политичари. Но тоа никако не го оправдува падот на европскиот дух. Сите го слушавме обраќањето на Доналд Трамп за значајното минато, величината и иднината. Европа има еднакви права да зборува за својата величина, само треба широко да ги отвориме очите, рече Туск.
Обраќајќи им се на европските пратеници за приоритетите на полското претседавање со Европската Унија во првите шест месеци од оваа година, Туск го започна својот говор со парафраза од полската химна: „Европа сè уште не пропаднала додека ние живееме“.
– Живееме во време на глобални немири. Војната е на нашите граници. Можеме да зборуваме за извесна криза на духот. Објективно гледано, Европа нема никакви причини за комплекси. Сакам да им кажам на сите Европејци, гордо кренете ги главите. Европа беше, е и ќе биде голема, изјави Туск.
Полскиот премиер нагласи дека и покрај големите расправии во Европа, несогласувањата во националните парламенти и жестоките кампањи, Европејците секогаш успеваат да најдат заеднички простор и чувство на заедништво.
– Европа ја изгради својата величина така што никогаш не се плашела да тргне во неизвесност. Европа е континент на најголемите пронаоѓачи, стратези. Тој предизвик во Белата куќа може да биде шанса за нас. Александар Велики, Колумбо, Викинзите, оние кои ја откриваа Америка – тоа е Европа, рече Туск.
Поврзувајќи ја својата порака со мотото на полското претседавање со ЕУ „Безбедност, Европо“, тој ја парафразираше познатата изрека на американскиот претседател Џон Кенеди: „Не прашувајте ја Америка што може да направи за вашата безбедност. Прашајте се себеси што можете да направите. Европа може да биде вистинска сила, само треба да поверуваме во тоа“.
Европејците ги повика да инвестираат повеќе средства во одбраната и безбедноста ако не сакаат постојано да ги зголемуваат трошоците за војска, бидејќи од тоа зависи иднината на светот што го познаваат.
„Ако европските вредности треба да преживеат, луѓето не можат да сметаат дека демократијата е немоќна. ЕУ повторно мора да стане синоним за сила. Тој што е немоќен е беден и достоен за презир“, заклучи Туск.
Ново на Сител
-
Клековски: Формирана е работна група за следење на напредокот при лекувањето на пациентите од Кочани
-
Саити: Црвен крст досега исплати 107 милиони денари за повредените во Кочани, остануваат 49 милиони што ќе се исплатат наскоро
-
ЈСП - Скопје: За продолжениот викенд неделен возен ред
-
Приведена 65-годишна штипјанка, го принудувала внукот да питачи во Дебар
-
Физички нападнат 30-годишен велосипедист во подрачјето на Карпош
-
46-годишен скопјанец пријавил дека неговиот малолетен син се оддалечил од домот
-
Германија мора да регрутира до 60.000 нови војници за да ги исполни целите на НАТО
-
Приведен 40-годишник, се заканувал на сограѓанин