Додик по средбата со Вучиќ во Белград: Бошњаците од Сараево сакаат воен судир во БиХ

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград рече дека „Бошњаците од Сараево сакаат воен конфликт во Босна и Херцеговина“.
„Благодарен сум на претседателот Вучиќ за денешната средба и неговиот интерес за стабилизирање на ситуацијата. Сметаме дека работите во Србија треба да се стабилизираат. Направена е штета од луѓето кои ја блокираат Србија“, рече Додик.
„Она што дојдов да го кажам е фактот дека во Бања Лука ни е јасно дека Бошњаците од Сараево сакаат воен судир во БиХ. Ова е мотивирано од нивните постојани децениски напори да им се одмаздат на Србите, верувајќи дека треба да го елиминираат секој Србин кој не одговара на нивните проекции. Бошњаците никогаш не го прифатија оригиналниот Дејтон, не го поддржаа, за разлика од РС. Верувавме дека ова ниво на поддршка за Дејтон мора да постои“, додаде Додик.
Според него, Бошњаците никогаш не сакале да го направат тоа и „сакаат да и го зададат последниот удар на РС“.
„Иако беа обврзани, тие никогаш не сакаа да се означи меѓуентитетската граница. Верувам дека она што се случува во БиХ е од политичка природа“, додаде Додик.
Тој се осврна и на поканата од Обвинителството на БиХ.
„Добив покана од Обвинителството утре во 11 часот да се појавам во Обвинителството, бидејќи сум осомничен за напад на уставниот поредок во БиХ. Одлучивме дека вонуставните институции не можат да работат на територијата на РС“, рече Додик и притоа ги повика сите Срби да останат смирени.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
