Правилото за некористење уреди во авион е поврзано со безбедноста - забранети се дури и „гемчиња“
Правилото за авионски режим на телефонот при лет, по сѐ, изгледа, не е само едно „бесмислено правило“, бидејќи технолошките уреди предизвикуваат пречки во комуникацијата на летот и така ја загрозуваат безбедноста, пишува порталот „ЛАД бајбл“ (LADBible).
„Врзете ги безбедносните појаси, затворете ги ролетните на прозорците и преклопете ги масите“ - гласат стандардните упатства што ги добивате при полетување и слетување. Секој од овие прописи има своја причина, но штом авионот ќе достигне одредена височина, повеќето стануваат малку пофлексибилни. Сепак, вклученоста на авионскиот режим на телефонот важи во текот на целиот лет.
Патниците вообичаено совесно ја следат и оваа инструкција, но многумина не знаат зошто мора така? Пилотот Дејвид Морган објасни што може да се случи ако не користите авионски режим.
Морган е шеф на летови и безбедност во авиокомпанијата „Ер Нов Зеланд“. Тој открива дека бил сведок на многу случаи кога електронските уреди на патниците предизвикувале пречки во летот. Тој вели дека дури и едноставен џебен уред за видеоигри може да им попречи на авионските системи - што значи дека авионскиот режим не е ограничен само на паметни телефони и таблети.
-Барем трипати во авионите правев работи што не сакав да ги правам - поради „Гејм-бој“, мобилен телефон и лаптоп, изјави тој за „Стаф“ (Staff).
Таков „незаборавен инцидент“ се случил додека Морган летал со „Боинг 767“ од Мелбурн.
-Одеднаш ги загубивме сите ВХФ-радиокомуникации. Авионот има три ВХФ-радија и секојпат кога ги менувавме - ниедно не работеше... Конечно реков: „Подобро да ја провериме кабината и да видиме дали нешто предизвикува пречки. Се испостави дека еден патник имал „Гејм-бој“. Штом уредот беше исклучен, сите три радија повторно работеа, раскажува Морган.
Со други зборови, користењето уред без авионски режим може да предизвика пречки што пилотите не сакаат да ги ризикуваат. Така што, следниот пат кога ќе биде побарано да го вклучите, се знае дека тоа не е само уште едно правило без причина.
Ново на Сител
-
Собрание: На 10 септември седница на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР и надзорна посета во просториите на АНБ
-
ОЈО ГОКК биле во АНБ
-
Зеленски: Во Украина ќе бидат распоредени илјадници странски војници
-
24-годишник полово злоупотребувал 5 годишно девојче со кое бил во роднинска врска
-
Трамп: Ја изгубивме Русија поради најцрната Кина
-
Рама: Албанските, косовските и македонските туристи се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи
-
Кошта: Разумно е да и гарантираме на Северна Македонија дека ќе нема нови барања
-
Честитка од Трамп до Сиљановска Давкова за Денот на независноста