Македонија
19. May 2025 - 16:37

Вандализиран меморијалот за жртвите во Пулс

Вандализам или уште поточно, грозоморен и нечовечки чин на штипскиот плоштад „Слобода“.

Искршени се фотографиите од петтемина штипјани кои загинаа во дискотекета „Пулс“ во Кочани, а кои преставуваа нем сведок за трагичниот настан од невидени размери. Фотографиите ги доставија роднини на починатите кои утринава забележале дека сликите се искшени и расфрлани.

Од СВР – Штип инфомрираат дека за сега не можат да интервенираат и да спроведат истрага против непознатиот сторител или сторители, бидејќи до нив не е доставена пријава. Во пожарот во кочанската дискотека животот го загубија Филип Ивановски, Александар Коларов, Филип Стевановски, Александар Ефремов и Дамјан Таневски. Фотографиите беа поставени веднаш по трагедијата во која загинаа 62 лица, за да можат штипјани да оддадат почит на прерано згаснатите млади животи.