Македонија
22. May 2025 - 16:38

Екс директорот на Онкологија Нино Васев обвинет за сериозни кривични дела

Две обвиненија за тешки кривични дела поднесени против Нино Васев, поранешен директор на Онкологија. Суспендираниот и веќе пензиониран онколог кој 5 години раководеше со клиниката ќе одговара за злоупотреби овозможени од директорската позиција но и сериозно загрозување на здравјето на луѓето и несовесно лекување болни. Првообвинетиот поранешен директор не почитувал онколошки упатства, имало погрешно дозирање односно отстапки во процесот на лекување и ваков несоодветен третман е утврден кај 29 пациенти. Во ова му помагала колешка од одделот за малигни тумори на дојка. За несовесен третман ќе одговараат и двајца онколози од одделот за малигни тумори на бели дробови. 

-  Во дел од случаите ова му било овозможено од втората обвинета која му ставила на располагање свој факсимил со кој одобрувал и препишувал терапија и свое корисничко име и лозинка со кои радолжувал терапија во ХИС системот на ЈЗУ Универзитетска клиника за онкологија и радиотерапија. Другите двајца лекари се обвинети за кривично дело Несовесно лекување болни, бидејќи врз основа на медицинските истории е утврдено дека одредувале терапија со лекови од новите генерации на таргет и имунотерапија во фаза на лекувањето кога било многу очигледно дека пациентите од таквиот лек воопшто нема да имаат корист, поради лошиот перформанс статус и немањето време да се развие механизмот на дејство, без да биде наведена телесна тежина и висина на пациентите, со отстапувања во дозирањето, со што дополнително ја влошиле нивната состојба, изјави Ана Гоговска Јакимовска, предметен обвинител

Во другиот обвинителен акт Васев е обвинет заедно со поранешниот медицински директор Нехат Нухи. Двајцата ќе одговараат за проневера, измама и злоупотреба на службената положба со што го оштетиле државниот буџет за над 35 милиони евра. Во ова дело е и присвојувањето на лекови кои пациети иако требало, не ги добиле. 

-  Ако постои дефиниција за сложен оредмет, тоа е овој и досега не сум имал посложен предмет, како дел од ОЈО Скопје. Не сум учествуал досега во ваква постапка. Сложен е и од аспект на дејствијата што ги презеле или не ги презеле инволвираните, како и од аспект на последиците врз болните и врз целото општесто, изјави Гаврил Бубевски, шеф на скопското обвинителство.

Скандалот Онкологија се случи пред околу 2 години кога јавноста беше згрозена од изформациите за несоодветниот третман на пациентите и богатење на грбот на најтешко болните.

Овој епилог со две обвинненија споре јавниот обвинител треба да биде и една поука за соодветно постапување и третирање на пациентите во здравствените установи.