Македонија
25. May 2025 - 16:32

Останува рокот: Aвтопатот Охрид-Кичево готов до крајот на следната година

Крајот на месец јуни најдоцна до почетокот на јули ќе биде пуштен во употреба патот од Врбјани до Охрид. Министерот за транспорт и врски Александар Николоски останува на ставот дека изградбата на автопатот Кичево -Охрид како што беше најавено и претходно целосно ќе биде завршен до крајот на следната година.

Затворениот пат од Подмоље кон Охрид и пренасочувањето на возилата кон стариот пат кој го кочи движењето според министерот Николоски е единствениот начин да се заврши што поскоро овој патен правец.

Автопатот на кој се чека повеќе од деценија е долг 57 километри и истиот ќе овозможи побезбедно и побрзо патување меѓу Кичево и Охрид, намалувајќи го времето на возење за повеќе од половина.