Македонија
25. May 2025 - 16:33

Фетаи и Алиу со ново крило во ВРЕДИ

Арбен Фетаи и Азир Алиу ќе предводат ново крило на Алијанса за Албанците кое останува дел од ВРЕДИ и Владата.

Таравари останува без довчерашните најблиски соработници, по одлуката да оди во опозиција и да соработува со ДУИ.

Фатаи и Алиу велат дека одлуката да останат во ВРЕДИ ја донеле по повеќемесечни средби со членството кое според нив им ја дало довербата за да расчистат со криминалите на претходната власт. 

Дали Азир Алуи ќе биде и нов предлог на ВРЕДИ за министер за здравство ќе се решава во текот на следната недела. 

Иако без конретна бројка Фетаи и Алиу тврдат дека зад нив стои поголем дел од членството на Алијанса. Доверба добија од пратенчката Муса и од партискиот подмладок. Засега нема промени во пратеничкиот состав, Таравари во Собранието раководи со 3 пратеници, а ВРЕДИ со 11 пратеници.