Во грчкиот град Катерини уапсен македонски државјанин за извршено убиство во земјава пред 28 години

Македонски државјанин, осуден на 15-годишна затворска казна за извршено убиство во земјава во ноември 1997 година, а по кој имало распишана европска потерница, уапсен е во грчкиот град Катерини, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации станува збор за 60-годишен државјанин на Северна Македонија, кој веројатно по убиството побегнал во странство и живеел во Бугарија и Турција.
Согласно судските документи од нашата земја, кривичното дело било извршено во ноември 1997 година, а жртва бил 37-годишен македонски државјанин.
Сторителот тогаш, наводно предизвикал сообраќајна несреќа, а кога жртвата излегла од возилото го нападнал со оружје.
За убиството, една година подоцна бил осуден на 15 години затвор.
АНА-МПА пишува дека уапсениот ќе биде изведен пред обвинител во Солун за да се започне постапката по барањето за негова екстрадиција во земјава.
Ново на Сител
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Санкционирани 104 непрописно паркирани возила во Центар за една недела
-

Колумбија: Најмалку 16 матуранти загинаа во пад на автобус во клисура длабока 80 метри
-

Најстудено утрово во скопски Петровец и Берово -6 степени
-

Запленета брендирана стока и разновиден алат, две лица приведени | ФОТО
-

СДСМ утре ќе го бира новото раководство
-

Почувствуван земјотрес во Скопје и околината
-

Од денеска нова авиолинија од Скопје до Прага на „Визер“
