Македонија
27. May 2025 - 12:31

Внимателно во Охрид, крадци од цела Македонија оперираат

Крадци од цела Македонија оперираат во Охрид.Со оглед на тоа дека во градот има туристи а и во пресрет на шпицот на летната сезона од охридската полиција најавија засилени контроли и тоа најчесто на оние места каде има зголемен број на посетители на најавените  концерти ,по ноќните клубови ,центарот на градот и плажите долж езерото .

Мобилните телефони,паричниците,накитот се најлесниот плен за крадците.

Во летните месеци кога расте бројот на кражби поради зголемената фрекфенција од луѓе вдолж охридско-струшката ривиера, од охридската полиција апелираат на подигнување на свеста за поголема одговорност кон своите предмети.