Вонреден инспекциски надзор во Болница-Кавадарци, формирана и внатрешна комисија во врска со починатото тригодишно дете
Вонреден инспекциски надзор има денеска во Болница - Кавадарци, формирана е и внатрешна комисија во врска со починатото тригодишно дете. Ова денеска го соопштија од болницата, откако МИА уште вчера побара нивен став, во врска со реакциите на родителите кои побараа испитување на евентуална лекарска грешка во случајот.
Јавната здравствена установа Општа болница со проширена дејност - Кавадарци, ни испрати соопштение во кое, како што пишува, со огромна тага и жал известува дека едно дете на тригодишна возраст кое било прегледано во оваа установа, починало на пат кон Скопје, каде било упатено за понатамошна здравствена грижа.
- Изразуваме искрено сочувство до семејството. Согласно со законската процедура известен е надлежен јавен обвинител, издадена е наредба за обдукција со цел утврдување на причините за смртта. ЈЗУ Општа болница со проширена дејност - Кавадарци стои на располагање и ќе дадеме целосна поддршка на сите органи што се надлежни за постапување во овој случај, се вели во соопштението.
Како институција, од нивна страна веднаш била формирана внатрешна комисија, што, како што соопштуваат, ќе ги разгледа сите околности поврзани со случајот.
- Дополнително, денеска во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност - Кавадарци има вонреден инспекциски надзор од страна на Државен санитарен и здравствен инспекторат, информираат од установата.
Во наредниот период, формираната комисија, после преземените дејствија, ке излегла со посебен извештај поврзан со случајот, после што навремено и транспарентно ке била информирана и јавноста.
- Ја уверуваме јавноста дека безбедноста и здравјето на пациентите како и транспарентноста во работењето се наш врвен приоритет, се вели во соопштението, потпишано од в.д. директорката, спец. д-р Гордана Камчева.
Ново на Сител
-
Голем бод за Македонија против Белгија
-
Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје
-
ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета
-
Ванг Ји: Кина и Франција постигнаа консензус за решавање на трговските прашања
-
Православна читанка | Епископ Стобиски, г. Јаков | Неформално | Sitel Podcast 097
-
Рама: Албанија влегува во уште една престижна мапа на Европа
-
Германски генерал вели дека Европа може да ги поддржи воените напори на Украина и без САД
-
ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција