Македонија
9. јуни 2025 - 21:15

Анализа: Дали казните за комуналните претпријатија се решение за Скопје без ѓубре?

Дали казните за комуналните претпријатија се лекот за здрава животна средина и Скопје без ѓубре? Општина Аеродром го казни јавното претпријатие Комунална хигиена со 88 илјади евра. Казната следува по бурните реакции на скопјани кои тврдат дека ѓубрето не се собира навремено, а контејнерите се преполни. Градоначалникот на Аеродром вели дека препријатието Комунална хигиена не си ја врши работата. 

Стигна експесна реакција од Комунална хигиена. 

„Лицемерие и евтин театар од В.Д. градоначалникот на Аеродром Дејан Митески. Полу градоначалникот Митески без легитимитет се обидува да собира политички поени преку лажно обвинување на ЈП Комунална хигиена Скопје.  ЈП Комунална хигиена работи според оперативен план кој го усвојува Советот на Град Скопје, под целосна контрола на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН“, стои во реакцијата на ЈП Комунална хигиена.

Сител попладнево направи обилколка во Ново Лисиче. Начекавме преполни контејнери со отпад, но и механизација и работници на терен. 

Во меѓувреме, за ѓубрето реакција имаше и градоначалникт на Чаир, Висар Ганиу. Преку видео алармираше од недостаток од контејнери. 

„Бројката на контејнери не е намалена – старите, мали садови се заменети со нови, поголеми и со значително поголем капацитет. Значи, зборуваме за зголемување на капацитетот, а не за намалувањe“, му вратија од Комунална хигиена.