СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест
Минимум критериуми за набавка на глукомери, ленти и сензори или лицата со дијабет ќе излезат на протести. По јавно упатените прашања за политиките на одлучување и немање на доволно количини на терапија до новиот министер за здравство, денеска Азир Алиу ги повика на средба за да ги слушнел нивните проблеми и барања.
-Доколку Министерството за здравство и Владата останат глуви за нашите барања и не смогнат сили до крајот на годината да сменат дел од начините за набавка и достапност на современи и нови помагала за да имаме квалитетно менаџирање на дијабетесот, нас ништо друго не ни останува освен да излеземе на улица да го изразиме нашиот став. После 6 години еве и Комисијата за заштита од конкурентност излезе со став, се ќе излезе на виделина, само што ние изгубивме многу време и дел од нашето здравје, вели Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на лица со дијабет.
Зошто не се реализира наводно за 30 проценти зголемена количина по новиот тендер за достава на терапија, зошто нема Оземпик за новите пациенти ко исе ставени на листата се само дел од јавните барања на лицата со дијабет до министерот за здравство.
Изминатиот период здружението неколкупати алармираше и апелираше дека за квалитетна контрола на дијабетот мора да имаат и квалитетни помагала. Во спротивно, компликациите се сериозни и значат чести посети на лекар и хоспитализации.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар