Индија зaпочнa вoнредна инспекција на сите Бoинг 787 по смртoнoснатa aвионскa несреќa
Индиската Влада започна вонредна проверка на сите авиони „Боинг 787“ откако авион на „Ер Индија“ се урна непосредно по полетувањето, при што загинаа најмалку 270 луѓе, соопшти министерот за цивилна авијација.
Авионскиот регулатор ѝ нареди на „Ер Индија“ дополнителни проверки на техничката состојба на моделите 787-8 и 787-9 со GEnx мотори, вклучувајќи параметри при полетување, контроли на електронските системи и системот за гориво.
– Наредивме зголемено надгледување на моделот 787. Во моментов, Индија располага со 34 такви авиони, изјави министерот Рам Мохан Наиду. Тој додаде дека осум авиони веќе се проверени.
Несреќата се случи во четвртокот, кога „Боинг 787-8 Дримлајнер“ на лет за лондонскиот аеродром Гетvик почнал да губи висина веднаш по полетувањето, по што удри во зграда и експлодираше. Само еден патник преживеал, што ја прави оваа трагедија најсмртоносната авионска несреќа во светот во последната деценија.
Во авионот „Боинг 787-8 Дримлајнер“ имало 242 патници и членови на екипажот, вклучувајќи 169 индиски државјани, 53 Британци, седум португалски државјани и еден Канаѓанец.
Најмалку осум локални жители, вклучувајќи четворица студенти по медицина, кои живееле во станбена област во Ахмедабад каде што се урна авионот, исто така загинаa.
Претседателот на Индиската медицинска асоцијација, Дхавал Гамети, изјави дека досега се извадени телата на најмалку 270 жртви. Десетици семејства чекаат пред болниците во Ахмедабад за да ги преземат телата, додека се прават ДНК тестирања за идентификација.
Ново на Сител
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај