Македонија
22. јуни 2025 - 16:31

Недостигаат анестезиолози и медицински сестри

Недостигаат анестезиолози и медицински сестри во Специјалната болницата за Ортопедија и трауматологија Свети Еразмо во Охрид.Иако моментално неопходни се 10 до 15 нови вработувања директорот Харалампие Шокароски уверува дека можат да одговорат на потребите на градот.

Со стартот на летната сезона се зголемува  бројот на сообраќајни незгоди и пациенти кои со тешки телесни повреди  се лекуваат во Коснозглобна.

Во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија  која зад себе има големиот број успешно извршени интервенции и спасени животи се лекуваат пациенти од целиот Југозападен регион  и пошироко.