Македонија
26. јуни 2025 - 16:36

Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија

26 земји членки на ЕУ го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија. Министерот за европски прашања вели дека е најдобро да се раздвојат ставовите на членките на ЕУ и нашиот источен сосед за билатералното прашање.

„Мислам дека поединечно ако ги слушаме сите 26 други земји, сите го признаваат и македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Тоа не е спорно. Меѓутоа со Резолуцијата, нивната волја дополнително ќе се потврди. Затоа ние инсистираме да се разделат позициите на другите земји членки и Бугарија, по однос на билатералното прашање“, изјави Орхан Муртезани, министер за европски прашања.

Муртезани повика и на трпение и воздржаност по однос на можноста за внесување на придавката „модерна“ пред македонски јазик и идентитет во извештајот на Европскиот парламент, кој на пленарна седница треба да се најде од 7 до 10 јули.

Секако дека ние би сакале идентитетот да остане таков како што ние сметаме и го чувствуваме, меѓутоа да чекаме финална одлука па после ќе видиме, додаде Орхан Муртезани.

Извештајот во ЕП нема формален статус, како што е нашата преговарачка рамка. Кацарска од Институтот за европска политка цени дека Извештајот за напредокот добил поголемо политичко значење, отколку правно.

На денешната тркалезна маса „Геополитичкиот пејзаж и проширувањето на ЕУ“ стогна и пораката од полскиот амбасаодор во Македонија, дека сега е моментот Македонија да ја искористи шансата и да ги почне преговорите за ЕУ.

Порача да се работи на реформите за владеење на правото, но ја акцентираше и неопходноста од менување на Уставот.

„Уставните амандмани кои се неопхони за придвижување на евроинтегратиовиот пат остануваат политички предизвик. Тие се предмет на интензивна национална дебата, подвлекувајќи ја тензијата меѓу националниот идентитет и европската интеграција. Но, Ве молам запаметете дека европскиот пат не е негирање на идентитетот – туку ветување за сигурност и достоинство, во согласност со основните одредби на европските договори и оригиналното мото на ЕУ – обединетост и разновидност“, изјави Н.Е. Мариуш Бримора, амбасадор на Полска во Р.С. Македонија.