Пратенички прашања во Собрание
Ветувавте многу, а не исполнивте ништо. Првиот човек на СДСМ на седницата на пратенички прашања на премиерот Мицкоски му рече дека тврдел оти ќе ја промени Преговарачката рамка, ќе разговара со политичката влада во Бугарија кога таа ќе се формира, и уставни измени со одложено дејство. Но ништо од тоа не било исполнето.
Премиерот му одговори – зошто воопшто преговаравте за македонскиот јазик и идентитет? Вели дека Владата ќе сторела се за да ја внесе Македонија во ЕУ со македонски идентитет и јазик, а не како „модерни“ Македонци.
По прашањето од Филипче следуваа прашања од пратениците до Власта. И за нив евроинтегративниот пат и Извештајот на Европскиот парламент беше важен.
Законот за правична застапеност се уште не и познат на јавноста бидејќи се чека мислење од Венецијанската комисија. Но за албанскиот опозициски блок тоа не е пречка за да го окарактеризира како институционална измама. Од Владата тврдат – правичната застапеност е уставна категорија и таа мора да се почитува.
На седницата на пратенички прашања тема беа и парите од Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија и најавените инвестиции во здравството.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар