Македонија
1. July 2025 - 17:35

100 килограми марихуана запленети во Струмица | ФОТО

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР.

Во соопштението се наведува дека акцијата се одвивала по наредба на јавен обвинител, а вчера во 18:30 часот на ул. „Климент Охридски“ во Струмица биле лишени од слобода Е.Б.(32) од село Попчево, струмичко и А.С.(39) и А.С.(24) од скопско.

-При преглед на патничко возило „голф“ со фалсификувани регистарски ознаки, управувано од Е.Б., биле пронајдени шест торби со 100 пакувања марихуана, со вкупна тежина од околу 100 килограми, стои во полициското соопштение.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава и осомничените ќе бидат изведени пред судија од Основен суд Струмица.