Нов бран превентивни мерки на полицијата
„И јас и ти сме пешаци”, ,, Носи кацига”, „ Користи пешачки”, „Одговорно паркирај”, „Спречи кражби”, се новите превентивно-едукативни кампањи кои , охридската полиција ги реализира, во главниот туристички центар.
Целта е подигнување на безбедносната култура кај граѓаните, јакнење на свеста за поголема внимателност во заштита на личниот имот и сопственост, одговорно однесување во сообраќајот и подигнување на безбедноста.
На повеќе локации во градот, полициските службеници остваруваат средби со граѓани и туристите, ги посетуваат плажите и туристичките комплекси и оние места каде има најголема фреквенција на посетители.
Со оглед на зголемениот број возила кои овој период се упатуваат кон Охрид но и бројот на сообраќајни несреќи од полицијата со апел за совесно и одговорно однесување.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар