Македонија
4. July 2025 - 12:19
Комората на Македонија-Турција донира 100 000 евра за реновирање на ДСУ „Наум Охридски“
Со донација од 100 000 евра на стопанската комора Македонија- Турција, ќе реновираат и адаптираат неколку училници во средното училиште за рехабилитација Наум Охридски. Во овие простории настава ќе следат учениците од основното училиште Иднина. Ова ќе биде привремено решение за околу 70 ученици кои редовно следат настава.
Училиштето Иднина стави клуч на врата бидејќи зградата се распаѓаше и стана небезбедна за учениците. Планот на МОН е да биде срушено и да се гради нова училишна зграда.
-->
-->