Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
Пациенти со хепатит Б, лица со дијабет, хронично болни и со ретки дијагнози се уште чекаат терапија на позитивната листа. Повеќе од една година од Националната алијанса на пациентски организации бараат проширување на позитивната листа со лекови кои значат и превенција и спречување на компликации.
Велат дека за одредени состојби има медикаменти кои даваат одлични резултати, но не се достапни во нашата земја. Наредната недела на средба со министерот за здравство ќе потсетат на вбетувањата дадени во 2024 година.
-Лековите за хроничен хепатит кои беа долго најавувани дека ќе бидат дел од позитивната листа, се уште нема никакви новости. Мислам дека е крајно време овој лек да биде донесен во нашата земја бидејќи има голем бенефит. Немате многу лекови во животот кои имаат можност и да превенираат одредени болести и да спречат трнасмисии, вели Милан Мишковиќ, претседател на Национална алијанса на пациентски организации.
Поголем дел од пациентите со хепатит Б ако не ја земаат терапијата може да завршат со најлошата прогноза – рак на црниот дроб. И лица со дијабет нема да завршатр со одредени компликации по здравјето ако имаат терапија на позитивната листа а не месечно да издвојуваат најмалку по 1200 денари за еден лек.
И додека чекаат решение, тие кои можат лекови купуваат во соседните земји.
-Посовремени методи и одредени апарати за одредени болести ги нема кај нас и тоа значи дополнителни трошоци за целата фамилија, не само за пациентот, вели Мишковиќ.
Засега нема најави од здравствените власти кога терапија за хепатит Б и дел од лекови за други дијагнози што ги бара Алијансата ќе се најдат на позитивната листа.
По првото проширување лани кога беа додадени 9 лека, и последното неделата со ставање на примарната листа на два онколошки лека, следното проширување може да биде на крајот на летотот со терапија која спречува згрутчување на крвта.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар