Орбан: Украина ги засилува нападите врз Унгарија поради противењето на нејзиното членство во ЕУ
Унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалните мрежи изјави дека Украина ги засилува нападите врз Унгарија поради унгарското противење на пристапувањето на Киев во Европската Унија, пренесува Будапест Тајм.
„Украинците мора да разберат дека Унгарија од фундаментални и стратешки причини не поддржува членство на Украина во ЕУ. Не сакаме војна, ниту пак сакаме тие да ја уништат европската економија, а со тоа и унгарската“, напиша Орбан на Фејсбук.
Тој додаде дека „Киев мора да прифати дека тие не одлучуваат за тоа како размислуваат унгарските граѓани“.
Во неодамнешно интервју за радиото „Кошут“, Орбан предупреди на ризиците за Унгарија доколку Украина стане членка на ЕУ. Според него, таканаречениот „Зеленски план“ би предизвикал огромни економски трошоци за унгарските семејства и би ги загрозил националните интереси.
„Брисел не понуди ниту една кредибилна причина зошто Украина треба да биде примена, додека унгарскиот народ веќе даде јасен одговор“, истакна тој, додавајќи дека „тие сакаат да ја ‘усвоиме’ Украина, а со тоа и војната“.
Орбан нагласи дека земјите географски поблиску до Украина, како Унгарија, би се соочиле со најтешките последици – зголемена воена закана и економска дестабилизација. Според него, под актуелниот сценарио за пристапување, сметките за гас на унгарските домаќинства би се зголемиле 3,5 пати, а сметките за струја би се удвоиле.
-Едноставно не разбирам како воопшто можат да го бараат ова, рече тој, истакнувајќи дека таквите драстични поскапувања би го загрозиле животниот стандард и стабилноста на пазарот на труд.
Премиерот на Унгарија изрази загриженост и за притисокот од Брисел за укинување на купувањето руска енергија, што, според него, би го уништило унгарскиот енергетски сектор и би предизвикало масовна невработеност и намалување на платите.
-Знаеме како изгледа ова – тоа беше Унгарија пред 2010 година, рече тој, алудирајќи на периодот на економски тешкотии.
Орбан ја потврди цврстата определба на Унгарија да се спротивстави на политиките на ЕУ кои го загрозуваат националниот суверенитет. „Не можат да нè заобиколат, рече тој, потенцирајќи дека проширувањето на ЕУ мора да го одразува мислењето на европските граѓани, од кои многумина, според него, би гласале против пристапувањето на Украина доколку им се даде можност.
На домашно поле, Орбан се осврна на земјоделството, истакнувајќи ги напорите на владата за тројно зголемување на наводнуваните земјоделски површини за заштита од суша. Тој најави и нова програма за домување со фиксни, нискокаматни кредити за пние кои првпат купуваат дом, како дел од мерките за поддршка на семејствата, заедно со даночни олеснувања и зголемени додатоци, кои ќе стапат во сила во август.
Говорејќи за странското влијание, Орбан ги критикуваше обидите на богати странски актери да влијаат врз унгарското општество, нагласувајќи дека само влади кои ги застапуваат националните интереси треба да ја водат земјата. Тој ја потврди и отпорноста на неговата влада кон странските притисоци, особено околу културни прашања како Прајд настаните и програмите за сензибилизација на децата, кои, според него, биле одбиени од милиони Унгарци на референдум.
-Наша задача е да ја браниме земјата, заклучи Орбан, потенцирајќи дека пристапувањето на Украина во ЕУ не е само дипломатско прашање, туку директна закана за економската и социјалната стабилност на Унгарија.
Ново на Сител
-
Од 16 алкотестирани 7 лица управувале пловен објект под дејство на алкохол во Охрид
-
Грција: Девојка се онесвестила откако ја запросиле, лекарите констатирале мозочно крварење
-
Две жени се степале на Бит Пазар поради недоразбирање во сообраќајот
-
Пронајдено изгорено тело по пожарот во Ѓорче
-
17-годишен битолчанец со автомобил удрил велосипедист и тешко го повредил
-
Гаши вети: Оваа година без молење во Собранието на седницата за Сребреница
-
Инфалцијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво
-
Купиле амфетамин во Скопје за да го продадат во Кавадарци