Македонија
7. July 2025 - 21:16

Ќе пропадне ли интерпелацијата на ДУИ за претседателот на Уставен?

Можно е да пропадне интерпелацијата на ДУИ за претседателот на Уставниот суд  Дарко Костадиновски, најави денеска собранискиот спикер Гаши откако на координација речиси сите пратенички групи реагирале дека не е добро парламентот преку интерпелација да се меша во судската власт.

„Поради дилемите на пратеничките групи дали е возможна интерпелација за Костадиновски, не е исклучено некој од пратениците на самата седница да предложи оваа точка да биде тргната од дневниот ред. Со тоа, пленумот ќе одлучи дали да има или не расправа по интерпелацијата“, брифираше собранискиот спикер.

Интерпелацијата на ДУИ е ставена на дневен ред на седницата во среда. На координацијата кај спикерот, не бил претставник од ДУИ, но од таму коментираат дека парламентот веќе расправал за интерпелации од судската власт.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ коментираат пак, дека допрва ќе одлучуваат како ќе се однесуваат на седницата во среда.

Пратениците на ДУИ му поднесоа интерпелација на Костадиновски на почетокот на јуни. Според нив, тој се однесувал навредливо кон албанскиот јазик кога пред одлуката Судот за уставноста на Законот за јазици рекол дека законот е лош.

Веднаш откако интерпелаицјата беше поднесена, од Уставниот суд излегоа со став дека ваква собраниска инцијатива не е возможна бидејќи уставен судија не може да биде разрешен од страна на Парламентот или Владата. Според, нив Уставниот суд не подлежи на начелото на поделба на власта.

Костадиновски пак, се изјасни дека нема ниту писмено ќе одговори, ниту ќе присуствува на седницата за интерпелацијата во Собранието.