Мицкоски: Државата не се гради од центарот кон периферијата, туку од темелите нагоре
Живееме во свет што станува се подинамичен, понекогаш непредвидлив, исполнет со глобални предизвици, но и со големи можности. Во таков свет, секоја држава мора да го постави својот модел на развој. А најсилни ќе бидат оние што ќе изградат силни локални заедници, порача премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на Меѓународната конференција за регионален развој која се одржува во Гегелија.
Иднината, рече Мицкоски, не започнува глобално и централно, таа започнува локално, со изградена улица во едно село, со нова водоводна мрежа, со реновирано училиште во рурална општина, со локална економија што добива ветер во грб. Тоа, нагласи, се темелите на стабилна и успешна држава.
-Затоа, како Влада, уште од првиот ден си поставивме една јасна цел: да ја вратиме државата во служба на граѓаните, но и во служба на локалниот развој. Затоа што развојот не смее да зависи од географија, политичка припадност или медиумска експонираност, туку од реалните потреби на луѓето, истракна македонскиот премиер во обраќањето.
Затоа, додаде, го распишале јавниот повик за аплицирање за инвестициската линија што Владата ја обезбедува за капитални проекти на општините во износ од 250 милиони евра.
-Денеска можам да соопштам дека во рамките на овој повик се утврдени вкупно 829 локални проекти од целата држава. Проекти чија вкупна вредност изнесува речиси 14 милијарди денари. Станува збор за најголема досега директна поддршка од националниот буџет за локалниот развој. Од овие проекти, 590 се од областа на транспортот и инфраструктурата – нови улици, локални патишта, мостови, плоштади, јавни површини. А 143 проекти се насочени кон животната средина – канализациски мрежи, водоводи, прочистителни станици, зелени површини, мерки за енергетска ефикасност.Секоја општина добива шанса. Секој град и секое село добива можност да се развива. И тоа не е случајно.Тоа е резултат на системски пристап и јасна визија, рече македонскиот премиер.
Во оваа насока, нагласи, ја зајакнале и улогата на Советот за рамномерен регионален развој и тој денеска, како што рече, има клучна координативна функција и овозможува подобро и поправедно распределување на буџетските средства – врз основа на реални теренски анализи, потреби и локални стратегии.
-Создаваме механизам за координирано и стратешко инвестирање во сите делови на државата – рамноправно, без политички разлики, со фокус на граѓанинот и иднината. Во оваа заедничка мисија, не сме сами. Дозволете ми да упатам посебна благодарност до сите наши меѓународни партнери – до Европската Унија, Обединетите Нации, Светската банка, Швајцарската и Германската развојна соработка, УСАИД и многу други. Вашата поддршка не е само финансиска. Таа е вредносна. Таа е во знаење, искуство и визија. Благодарение на вас, денес многу општини имаат стратегии, таму каде што пред десет години имале само проблеми, рече Мицкоски.
Според него, регионалниот развој не е дополнителна обврска туку предуслов за стабилност, за еднаквост, за вистински европска Македонија.
-Нема Европа дома ако целата економија не се врти околу сите општини околу сите населени места, Денеска за жал сето она кое што го гледаме во најголема мера се врти околу еден град, а остатокот од државата живее со тешкотии. Затоа мораме да го скратиме развојниот јаз меѓу регионите. Да изградиме држава во која секој има еднаква шанса, без разлика каде е роден и каде живее. Затоа велиме: Ги градиме темелите на промените – за времето кое за вас доаѓа, рече премиерот Мицкоски.
Ова, потенцира тој, не е само порака туку обврска, секојдневна работа, на терен, во институциите, во партнерство со локалните самоуправи. Со секој нов локален проект, со секоја отворена детска градинка, со секој поддржан земјоделец или занаетчија, со секоја нова инфраструктура во урбана или рурална средина – ние градиме иднина.
-Државата не се гради од центарот кон периферијата. Државата се гради од темелите нагоре. А тие темели се во секоја општина, во секоја локална заедница, во секој дом. Со таа визија, со таа решителност и со таа партнерска енергија ќе продолжиме напред. За силна локална самоуправа. За праведна држава. За модерна Македонија, истакна премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето.
Ново на Сител
-
Потпишан договор за грант од 5,5 милиони евра за енергетска реконструкција на студентски домови
-
Најмалку осуммина повредени во невремето што попладнево го погоди Белград
-
ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза
-
Голема брзина над дозволената причина за несреќата во која загинаа Жота и Силва
-
Вардар и Алкалоид се двете македонски екипи во Лига Европа во ракомет
-
Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите
-
Можни прекини во водоснабдувањето во Општина Чаир и Железара поради прекин на електрична енергија
-
Кривична за екс-директор на основно училиште во Липково, го оштетил буџетот на државата за 577.550 денари