Муцунски: Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван
Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван. Овој успех е резултат на активна, посветена и координирана дипломатија, во соработка со нашите партнери и пријатели од меѓународната заедница, изјави денеска во Владата министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Министерот истакна дека уште од првиот ден, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, активно се вклучиле во процесот.
- Заедно покажавме дека кога постои јасна волја, координација и одговорен пристап – резултатите се неминовни. Водевме интензивни разговори, спроведовме дипломатски консултации и градевме заеднички позиции со државите-членки на Комитетот за светско наследство, рече Муцунски.
Тој посочи дека остојбата што нова авласт ја наследи затекна е резултат на години запоставување, неодговорно управување и изостанок на суштински мерки од страна на претходната влада.
- Наместо превенција и одговорност, оставија проблем што бараше итно решавање. Нашиот пристап беше поинаков – не декларативен, туку посветен и фокусиран на резултати, вели шефот на дипломатијата.
Муцунски потенцира дека зачувувањето на статусот е само прв чекор, останува обврската да се обезбеди долгорочна заштита, одржливо управување и повторно да се изгради довербата во институциите и капацитетот на државата да се грижи за своето највредно природно и културно наследство.
Тој упати благодарност до тимот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија – „за нивната стручност, пожртвуваност и тивка, но клучна работа зад сцената“, што придонесла за оваа одлука на УНЕСКО, која, како што наведе, значи многу за нас како држава.
Ново на Сител
-
Косовскиот парламент не успеа да се конституира ниту по 45-ти пат
-
Куманово објави оглас за работно ангажирање на 30 пожарникари
-
ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола
-
29 надгробни плочи и споменици оштетени во рок од два дена на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кривична за наставничка од беровско која нападнала ученик
-
50-годишен маж пронајден со прострелни рани во Батинци, починал пред прием во болница
-
Лишен од слобода крадец во Куманово
-
Мицкоски: Нашата цел е да ја направиме Македонија земја на можности каде трудот се исплатува