Македонија
12. July 2025 - 15:21
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
Фондот за здравствено осигурување, го зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување. Наместо досегашните три, во иднина, фондот ќе покрива шест обиди.
Според законските измени усвоени од собранието, се скратува и времето на одлучување по барањата кое сега ќе изнесува две недели наместо три месеци.
Директорите на фондот, информираа дека се олеснува и постапката за лекување во странство. Со кратење на роковите за одлучување, велат, ќе се забрза постапката за испраќање на пациентите во странство.
-->
-->