Арсовска доби 24ч полициско обезбедување, ОЈО побара притвор за напаѓачот
Обвинителството побара притвор за лицето кое е осомничено дека ја нападна градоначалничката на Скопје. За вториот осомничен кој и упатил закани на Арсовска побарани се мерки на претпазливост, да не и се приближува на градоаначалничката и да не го напушта живеалиштето.
Двете лица кои го предизвикале инцидентот во Чаир каде градоначалничката била во надзор на објект - дивоградба, се товарат за кривично дело насилство.
-Првоосомничениот се претставил како сопственик на објектот во градба, па почнал грубо да ја навредува, да и се заканува, по што и физички ја нападнал. Кога изреагирале останатите вработени во градските служби и припадниците на МВР и го тргнале првоосомничениот, со закани продолжило и второосомниченото лице. Со чинот на насилство двајцата осомничени во јавноста и кај другите присутни лица предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.
Од денеска градоначалничката Арсовска ќе биде под 24ч полициско обезбедување. Одлуката е направена по проценка на АНБ а по вчерашниот напад врз градоначалничката и претходните пријави кои таа ги поднела во врска со закани кои и биле упатувани од повеќе лица.
„Со оглед на безбедносната проценка направена од АНБ, градоначалничката Арсовска, како носител на јавна функција, ќе биде под 24-часовна полициска заштита, со цел да ѝ се обезбеди лична сигурност и непречено извршување на нејзините обврски. Градоначалничката во текот на денешниот ден ќе биде контактирана од надлежните служби со цел да се координираат нејзините активности во согласност со мерките за лична заштита.“
Институциите да постапуваат по случајот повика денеска премиерот Мицкоски.
Реакција по инцидентот со градоначалничката пристигна од француската амбасада во Македонија.
„Амбасадата на Франција најостро го осудува овој чин на физичко насилство, како и вербалните напади денес упатени кон градоначалничката на Град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска,“ се наведува во реакцијата. Додаваат дека почитувањето на другиот и на претставниците на народот е суштинска демократска вредност.
Инцидентот доби и политичка конотација, по овој случај најголемите политички партии упатија меѓусебни обвинувања. Опозициската СДСМ побара од министерот за внатрешни веднаш да си даде оставка бидејќи како што велат се ставил во одбрана на мафијата и криминалците.
Од ВМРО ДПМНЕ обвинија дека опозициската СДСМ заедно со бугарски политичари се ставиле во одбрана на Данела Арсовска. Од партијата повикаа доследно и принципиелно расветлување на инцидентот во Чаир, но и на разгледување и надзор на случајот со дивоградбите.
-Некогаш големата СДС се сведе заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. И СДС во точно три случаи се јавува во јавноста за Данела. Првиот кога ја напаѓаше дека таа е неспособна и има бугарско државјанство. Вториот случај, кога во опозиција ја користеше за напаѓање на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. И третиот случај, кога заедно со Бугарите ја брани Данела.
Арсовска по вчерашниот инцидент беше во болница. Таа во текот на денешниот ден објави фотографија од напаѓачот, а потоа и видео на кое вели се гледа како нападот се случил пред службеници на МВР. На својот ФБ профил Арсовска објави и слики од дивоградбата каде вчера заедно со службеници од градот биле во увид, а на кои покажува дека.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар