МОН: Студентските домови етапно се реконструираат, студентскиот стандард значително се подобрува
Загрижува односот на политичката партија СДСМ, која денес организираше прес конференција за да изрази загриженост дека реконструкцијата на двата студентски дома во Скопје – „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Стив Наумов“ наместо во октомври, ќе заврши во декември годинава! Тоа е истата политичка партија која ја предводеше Владата во чие време се сменија дури четири министри за образование и ниту еден не успеа да ја започне реконструкцијата на студентските домови.
Овој процес започна минатата година и се интензивираше од страна на актуелното раководство на Министерството за образование и наука. Како што и во неколку наврати беше соопштено, двата посочени дома ќе бидат целосно обновени до крајот на календарската година и достапни за сместување студенти во вториот семестар од академската 2025-2026 година.
Во меѓувреме, буџетот за оваа крупна инфраструктурна активност е зголемен за 5,5 милиони евра. Обезбеден е неповратен грант од Европската унија за кој министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска пред неколку дена потпиша договор.
Младите да бидат спокојни. Лажните вести и политички конструкции не треба да ги демотивираат да продолжат да вложуваат во своето знаење, а Министерството за образование и наука ќе продолжи да ги поддржува и да го подобрува студентскиот стандард.
Потсетуваме дека во изминатата една година прифатени се десетина барања на студентските организации и здруженија. Овозможено е продолжување на продолжи бесплатниот превоз, со тоа што по три години откако претходната Влада не обезбедуваше пари, префрлени се 120 милиони денари на ЈСП Скопје. Проширен е опсегот на мерката субвенциониран студентски оброк и од април 2025 година повеќе работниот статус не е услов за студентите да го остварат правото, така што субвенциониран студентски оброк користат и редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од просечната нето минимална плата, но и постдипломците.
Олеснети се критериумите за искористување на стипендиите за студентите запишани на студиски програми за наставен кадар. За стипендиите за втор циклус на студии во државата, овозможено е да аплицираат студенти со завршени тригодишни додипломски
студии, кои порано беа дискриминирани. Дигитализирани се постапките за остварување на правото на стипендија и повеќе не се доставуваат хартиени договори и решенија. Конечно, буџетот за студентски стандард годинава е поголем за 18% споредбено со ланскиот.
Наместо да молчат, оние кои ги иселија младите од Македонија деновиве се најгласни дека сакаат да направат нешто за нив. За 7 години бројот на ученици е намален за 17 илјади, а на студентите за 7 илјади, што е резултат на лоши политики не само во образованието, туку генерално политики поврзани со младите.
Министерство за образование и наука
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци