Болницата во Козле и денеска без вода – од Водовод велат проблемот е на болницата, не нивен
Реорганизација на пациенти во Детската болница Козле, поради тоа што втор ден во болницата нема вода. Директорката за Сител вели дека некои деца се испишуваат, а оние кои се со потешка клиничка слика нема да бидат хоспитализирани – туку директно трансортирани во други болници.
Некои од лабораториите не работат. Доколку проблемот со водата не се реши за неколку дена, директорката не ја исклучува можноста да се стави клуч на врата на оваа здравствена установа.
Цистерна со питка вода н денеска беше паркирана пред болницата. Но, пред да си заминеме начекавме и екипа од ЈП Водовод и канализација на терен, кои не информираа дека од направениот увид заклучиле дека проблемот не е до претпријатието, туку имало дефект во самата болница.
Екипи на ЈП Водовод и канализација-Скопје извршија комплетен увид на терен и констатираа дека причина за намалениот притисок е поради дефект на водоводната инсталација после водомерот. Односно, станува збор за дефект на водоводната инсталација која е сопственост на болницата. За наведеното известени се надлежните во болницата и истите треба да го санираат дефектот на внатрешната водоводна инсталација, ни одговорија од Водовод и канализација.
Во меѓувреме, трета недела вода нема и во скопско Пржино. Начекавме граѓани кои си купуваа вода за пиење од локалните маркети.
Сител вчера направи обиколка и во Автокоманда – каде тамошните жители мака мачат со мал притисок на вода. Секнати се и чешмите во МРТВ.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар