Македонија
29. July 2025 - 16:40

Чешкиот „Блек Хок“ доаѓа во Скопје, ја прифативме и помошта од Словенците - најкритично на Готен

Блек Хок доаѓа во Скопје. Во момент кога целиот Балкан води војна со опасните стихии, Чесите се солидаризираат со нас. Нивен хеликоптер ќе ги гасне пожарите во Македонија, откако го активиравме ЕУ механизмот за заштита.

Службите одлучија да ја прифатат и помошта од Словенците. 62 пожарникари со 18 возила веќе патуваат кон Македонија. Помошта од странство ќе биде насочена кон гаснење на Готен од страната на Берово.

Пожарот кај Готен, кој и денеска е на најкритичен, утрово се гсасеше од двете страни: и од Радовиш и од Берово. Од воздух гаснат хеликоптерите на МВР, а на копно се прават земјени појаси со хермелини, бе те ери и Пинц гауери.

Еден ер трактор прелетува кај пожарот на границата меѓу Прилеп и Кавадарци. Овој пожар властите го категоризираат како втор најкритичен.

Тешко под контрола се држи и ситуацијата во Македонски Брод и прилепско Бешиште. Дождот којшто вчера наврна на неколку места, сепак не им помогнал на службите. Евакуација на население денеска нема.

400 лица кои прифатија да гаснат за 24 000 денари месечна плата неделава ќе почнат со дводневна обука. Но и кога ќе ја поминат истата, нема да бидат праќани кај најкритичните жаришта, вели Стојанче Ангелов.

Според надлежните, под контрола се држат пожарите во Македонски брод, Штип и општина Карбинци.