-->
-->
Трамп ќе биде домаќин на лидерите на Азербејџан и Ерменија на официјална церемонија за потпишување мировен договор
-->
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денеска ќе биде домаќин на лидерите на Азербејџан и Ерменија на „формална церемонија на потпишување на мировен договор“ во Белата куќа.
Во објава на својот профил на социјалните мрежи, Truth Social, Трамп исто така рече дека САД ќе потпишат и билатерални економски договори со двете земји.
Двете земји, кои добија независност од поранешниот Советски Сојуз во 1991 година, се заглавени во долготраен спор уште од 1980-тите, кога Нагорно-Карабах, регион на Азербејџан во кој живеат претежно етнички Ерменци, се отцепи од Азербејџан со поддршка на Ерменија.
Азербејџан ја врати територијата во 2023 година, принудувајќи повеќе од 100.000 етнички Ерменци од регионот да избегаат во Ерменија.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа
-
76-годишна жена измамена за 20.000 евра - и кажале дека ќерка и била прегазена, биле потребни пари за операција
-
78-годишен пешак прегазен во Битола
-
Кривична за гостиварчанез за семејно насилство
-
Совети за очниот притисок и негово регулирање
-
Битолските пожарникари спасија заглавено лице на дрво во Градскиот парк
-
Мицкоски: Слава за хероите од Карпалак
-
Повеќе од две третини од Украинците сакаат преговори за завршување на војната