Српската Алта Банка на чекор до проширување во Македонија
Српска Алта Банка влегува во Македонија. Изразила инстерес за стекнување контролен пакет акции но и интеграција на Стопанска Банка АД Битола.
- Ние интензивно прибираме документација, комуницираме со заинтересираниот странски инвеститор. Тоа и не е тајна. Медиумите го имаат објавено, тоа е АЛТА групацијата од Србија коишто имаат разгранат систем на услуги, имаат и сопствена банка, имаат и дозвола од Народната банка на Србија, имаат некои меѓународни институции, имаат посебна институција за платен промет, односно за плаќање и слично. Така што, тоа е во процес на оценка, вели гувернерот на Народната Банка Трајко Славески во интервју за Њузмакс Балкан.
Според наши информации, целата потребна документација е веќе изготвена и доставена до надлежните орган. Во моментот се чека формално одобрување од Народната Банка. Алта Банка сега чека само позитивно мислење и официјално одобрение. Потоа се очекува да биде спроведена целосна процедура на преземање, што вклучува и правна регистрација на промените во Централниот регистар и упис на новиот сопственички статус.
Според пишувањата на српските медиуми, Алта Банка е основана како менувачница во 2008 година. Осум години подоцна менувачницата од Земун станува платна институција, односно добива дозвола во своите менувачници да може да се врши платен промет. Во 2019 година тогашната менувачница Алта купува државен пакет акции во ЈУБМЕС Банка и станува најголем акционер. Една година подоцна се врши и промена на името во Алтан Банка.
Очекувањата се дека влезот на Алта Банка во Стопанска Банка АД Битола ќе донесе модернизација и дигитализација, но и стабилност во банкарскиот сектер во Македонија.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар