Вработени на Клинички револтирани по најавите за поскап паркинг - Синдикатот бара итна средба со Алиу
Синдикатот на Клинички бара итна средба со министерот за здравство по најавите дека ќе има зголемување на цените за паркинг што ќе ги погоди и вработените на скопските клиники.
- Испративме барање за итна средба со министерот бидејќи од вчера имаме голем број на јавувања од наши членови кои се револтирани околу најавите за повисоки цени за паркирање. Очекуваме детално објаснување од надлежните што предвидуваат новините со паркингот, велат од Синдикатот на Клинички.
Алиу кажа дека ќе има промени на цените при што, онколошките пациенти нема да плаќаат нипто како што е и досега, една цена ќе има за пациенти а друга за вработените. Најскапо ќе плаќаат оние кои без потреба доаѓаат на клиники, според теминологијата на министерот за здравство.
- Ценовникот на паркингот нема да биде ист за сите. Ова ќе биде каскаден систем, значи почнувајќи од нула денари до цени кои што ќе бидат за граѓаните различни, кога зборам за граѓани, збориме за граѓани кои не се пациенти и не доаѓаат со уапт за да имаат некоја здравствена услуга тука, вели Азир Алиу, министер за здравство(07.08.2025)
Смарт паркингот што го најавува Алиу ќе биде со следење на автомобилот од влез до излез, ќе има камери но не и катни гаражи. Здравствените власти очекуваат дуплирање на местата за паркирање од неискористениот простор што бил позади клиниките.
Претходната идеја на министерот за здравство, вработени да паркираат надвор од кругот на приватни паркинзи пропадна а од претходникот на Алиу беше поништен тендерот што го доби Ѓока инженеринг од Албанија.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар