Македонија
13. August 2025 - 16:36

Нова формула за финансирање на основното и средното образование

Од следната година, нова формула за финансирање на основно и средно образование. Анализата на образовните експерти покажала дека најголемиот дел од парите што училиштата ги добиваат од МОН, се трошат за плати на наставници и режиски трошоци за училиштата, а само ниски 10% за подобрување на квалитетот на наставата. 

„За пресметка и прераспределба на блок дотациите беше неопходна, бидејќи постојната, не обезбедува ефикасност во финансирањето, 90% од средствата кои се одвојуваат се користат за исплата на плати, режиски трошоци на училиштата што е значително над просекот на Европската Унија каде што тоа изнесува 70%“, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Ова промена во пракса ќе значи дека некои училишта ќе добиваат повеќе пари, други помалку, во зависност од тоа колку ученици и колку наставници има во овие установи. 

Пример, училиште коешто трошело 60% од блок-дотациите ќе добие помалку средства од следната година поради тоа што има помал број на ученици. Средно стручно училиште коешто произведува дефицитарен кадар на пазарот на трудот, ќе добие повеќе пари за опрема и просторни услови. 

„Во одреден број на општини ќе се намалат средствата бидејќи тие користат блок дотации до 60%. Во други општини каде се користи 98 % само за плати, ќе се зголемат средствата. Да не е намалувањето поголемо од 5 % преоден период, понатаму ќе се доработува“, додаде Јаневска.

Оваа формула е тесно поврзана со оптимизацијата на училиштата, процес кој кај нас се се спроведува бавно. Со нејзина имплементација ќе се почне од 1 јануари, следната година. Во претстојните месеци следува едукација на општинските административци и останатите вклучени во процесот, со цел ефикасна примена на формулата.