Македонија
18. August 2025 - 16:39

Утре почнува уписот на бруцоши на УКИМ: Како напредува процесот на дигитализација?

Утре почнува уписот на бруцоши на УКИМ. Најмногу слободни места има на ФИНКИ, 1.020. На второто место е ПМФ со 910 слободни места, па потоа Филозофски 800. 

Процесот за уписи не е целосно дигитализиран ниту оваа академска година, па затоа платото на Факултети утре повторно ќе биде „украсен“ со долги редици на бруцоши. Тие освен електронски, документите треба и хартиено да ги достават на Студентски прашања.

МОН веќе ја смени легислативата, со што во пракса им овозможува на факултетите да користат електронски индекси. 

Иако постоеја најави дека оваа академска година УКИМ-ци ќе ја стартуваат само со електронски индекси, сепак тоа нема да се случи. Ректорката за Сител потврди дека праксата за оваа година ќе биде како и досега, оценките за положени испити професорите ќе треба да ги пишуваат и на хартиените индекси, но и да ги вметнуваат во електронскиот систем. Ова е начинот, се’ додека не се обезбеди сигурна eлектронска база за резултатите на студентите.

Сепак, има нешто и дигитално. Од октомври студените можат електронски да си извадат потврда за редовен студент, како и уверение за положени испити. 

Кога бруцошите се запишуваат на факултет, хартиено потполнуваат и пријавен лист за упис кој е за потребите на Државниот завод за статистика. Неделава, од оваа иституција пред министерот Андоновски ќе презентираат електронско решение. 

Вториот рок за пријавување на кандидати на УКИМ е на 11. и 12. септември, третиот на 24. истиот месец.