Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
Пратеникот Амер Мециновиќ ќе биде кандидат на Левица за градоначалник на Град Скопје. Мециновиќ пред да влезе во парламентот, беше советник во градското собрание. Со партискиот лидер на пресконференција ги најавија приоритетите со кои ќе ја бараат довербата од гласачите во Скопје.
„Левица сака да ги обедини сите кои се против ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Јавниот превоз ќе ни биде првиот примарен приоритет за кој ќе се залагаме. На нивна страна се парите и моќта, а за она што ние го нудиме тие немаат одговор. Ова е наша борба и наша приказна, за нашето Скопје. За граѓаните треба да биде јасно дека гласаат за политичка волја, која ни пресуди ние сега да немаме автобуси“
Апасиев најави дека на овие локални избори ќе настапат со рекорден број на кандидати за градоначалници и носители на советнички листи. Во однос на одлуката на ДИК со два граѓански потписи да се кандидираат независните, Апасиев оцени дека изборите можно е да бидат хаотични.
Од владејачката ВМРО ДПМНЕ го прозваа Апасив да одговори дали ќе побара од неговиот пратеник да го напушти парламентот. Дали Апасиев ќе побара од Мециновиќ да си поднесе оставка од пратеник сега кога се кандидираше за градоначалник, како што бараше претходно? Очекуваме Апасиев да остане доследен до себе и да побара Мециновиќ да си поднесе оставка.
Одлуката за независните кандидати секојдневно предизвикува лавина реакции и партиски препукувања. Опозицијата реагира на најавите од премиерот кој рече доколку не бидат успешни локалните поради масовната појава на кандидати, Владата ќе биде принудена да интервенира со владини повереници. СДСМ обвинува дека со ова, премиерот сакал да го суспендира Уставот и волјата на граѓаните и неговата најава била дрзок обид за узурпација на власта. Според нив и на минатите локални имало голем број независни и тоа не било никаква пречка.
Како тоа Мицкоски планира да ја суспендира Државната изборна комисија (ДИК) и да ги преземе нејзините законски надлежности? ДИК е единствениот надлежен орган за спроведување на изборите, а изборите веќе се распишани и се одвиваат според Изборниот законик. Ако Мицкоски сака преку своите „повереници“ да спроведува политики без волјата на граѓаните треба да знае дека тоа нема му го дозволат граѓаните.
Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, со остра реторика предупреди дека власта се обидува да го укине Рамковниот договор, обвинувајќи го премиерот дека не направил лапсуз туку подготвува стратегија за релативизација на албанските права. обиди за укинување на Рамковниот договор, обвинувајќи ја Владата за стратегиска релативизација на албанските права. Османи повика на мобилизација, тврдејќи дека Македонија е на пат да стане дел од „српскиот свет“, што, според него, води кон изолација од ЕУ.
Реакциите за бадентеровиот модел на гласање следат по изјавата на министерот за правда кој најави можно ревидирање. Премиерот Мицкоски изнесе спротивен став од министрот Филков, според Мицкоски Бадентерово мнозиство било дел од Охрдискиот рамковен договор, а тоа било завршена тема.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар