Македонија
24. August 2025 - 11:07

Приведен 30-годишен охриѓанец, управувал возило со 1,62% промили алкохол во крвта

Денеска (24.08.2025) во 00:30 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Ѓ.Ѓ(30) од Охрид.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62% промили алкохол во крвта. 

 

Ново на Сител