Убиство пред казино во Кавадарци
43г маж е претепан до смрт пред казино во Кавадарци. Настанот се случил нешто пред 5 ч наутро во ценаторот на градот. Полицијата приведе три лица кои се сомничат дека му нанеле смртни удари на убиениот. Се работи за инцидент кој според информациите до кој дојде Сител, почнал од внатре во казиното.
Неофицијално убиениот се познавал со напаѓачите кои работеле како приватно обезбедување. Тие го извлекле надвор преку задниот влез на казиното и почнале да го тепаат по што паднал на земја. Била повикана брзата помош но лекарите кога пристигнале само констатирале смрт кај 43г кавадарченец.
Истрагата ја води о.обвинителство во Лавадарци. Мотивите не се се уште познати, но во чаршијата се зборува дека убиениот бил познат комарџија од ситуирано семејство но проблематичен по природа. Според едни тој девијантно се однесувал во казиното па затоа било повикано надворешното обезбедување, други велат должел пари на еден од напаѓачите.
Казиното е сместено во приземјето на хотелска зграда во блок на станбени згради и игралиште каде попладнево се играа деца. Инцидентот ги вознемири жителите кои велат не се чувствуваат безбедно во градот.
Во казиното кое вчера славело роденден имало голем број гости а објектот е целосно опфатен со безбедносни камери. По увидот утрово, забележавме дека казиното е отворено за посетители.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар