Македонија
2. September 2025 - 13:36

Приведено 11-годишно дете од Куманово, го фатиле како краде од продавница

На 01.09.2025 во 12:30 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода 11 – годишник од Куманово. Тој се сомничи дека околу 10:45 часот одзел повеќе производи од продажен објект во Гостивар. Кај него биле пронајдени предметите и вратени на сопственикот.

Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.