Македонија
7. September 2025 - 9:59

Целосно затемнување на Месечината, ќе може да се гледа и од плоштад „Македонија“

Целосното затемнување на Месечината што треба да се случи вечерва ќе може да се набљудува од плоштадот „Македонија“. Од Скопското астрономско друштво најавуваат дека ќе постават два телескопа. 

Редок феномен - целосно затемнување на Месечината, ќе може да се набљудува и од нашата држава. Се разбира, ова ќе може да се види само доколку времето биде ведро и без многу облаци. Гледано од Скопје, нема да се види помрачувањето во целост, туку неговиот втор дел, велат од Скопското астрономско друштво.

- Месечината ќе изгрее над источниот хоризонт веќе делумно затемнета, но, не и целосно. Скопското астрономско друштво ќе постави два телескопа на плоштад „Македонија“, во центарот на градот. Околу 19 часот очекуваме изгревање на полу-затемнета Месечина, која со текот на времето ќе станува сè потемна и ќе добива црвеникава боја, појаснуваат од Скопското астрономско друштво. 

МИА