Македонија
9. September 2025 - 16:37

Пратеници утре на надзор во АНБ

Пратениците утре влегуваат во Агенцијата за национална безбедност, потврди на брифинг собранискиот спикер Гаши. Согласно претходната координација на Комисијата за надзор на работата на АНБ и Агенцијата за разузнавање собраниското тело утре ќе го води претседателот Скендер Реџепи од пратеничката група на ДУИ и покрај тоа што првично одбиваше тоа да го стори.

Сепак, додека другите членови на Комисијата ќе проверуваат дали измантиве 5 години под раковдството на Виктор Димовски имало незаконско следење на политичари, бизнисмени, медиуми, Реџепи нема да просуствува бидејки не поседува сертификат.

Иако заеднички се согласија да го вршат надзорот во АНБ, власта и опозицијата се уште меѓупартиски се препукуваат дали имало незаконско постапување на АНБ во времето на Виктор Димовски.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска со тврдење дека во скнадалот е вклучена и Агнеицјата за разузнавање, но и дека следењето на политичарите, бизнисмените и медиумите не било лично, туку и на членови на нивните семејства. Бараат извинување од СДСМ и акција од јавниот обвинител Коцевски.

„Откако ќе се извинат треба да го повикаат Виктор Димовски, Еролд Муслиу и  Љупчо Коцевски на одговорност. Наместо тоа гледаме како СДС од петни жили ги штити сите кои ги злоупотребувале институциите, затоа што очигледно работеле по партиска задача. ЈО не смее со денови да молчи и да не презема никаква акција. Загрозена била приватноста на голем број луѓе цели 5 години. Службите влегле во нивните животи, со цел да го забават падот на СДС од власт и нивно што подолго одржување, а со цел распродажба на државните интереси и правење на криминал. Доколку ЈО и Коцевски останат нем посматрач, треба да знаат дека тоа нема долго да трае и дека и тие ќе одговараат.“

Од опозициската СДСМ пак, убедува дека АНБ во нивно време не следела никого без сомнеж. Коментираат дека Мицкоски се плаши од декласификација на документите.

„Ако СДСМ прислушувала како што тврди власта, зошто се плаши да ги декласифицира документите? Што во тие документи го плаши Христијан Мицкоски толку многу? Дали овие документи содржат докази за соработка на Мицкоски со странски непријателски служби? Дали Мицкоски работел на штета на интересите на државата за странски пари? Дали Христијан Мицкоски имал комуникација со руски агентури кои финансирале екстремизам и дестабилизаиција на државата? Дали овие документи содржат наводи за нелегално финансирање на партијата, ВМРО-ДПМНЕ поврзано со „Делчевски ниви“?“

Директорот на АНБ Бојан Христовски и премиерот Мицкоски пред 10 дена објавија информации дека од 2019 година до лани, претходниот дирекрот Димовски заедно со група од 10 вработени вршеле незаконско следење поради лични, бизнис и политички причини.

Меѓу лицата што изразија сомнеж дека биле мета на службите се токму Мицкоски, вицепремиерот Николоски, пратеникот Ковачки, координаторот на СДСМ Оливер Спасовски кој во тоа време беше министер за внатрешни работи, поранешната обвинителка Рускоска, како и неколку бизнисмени и новинари.

Димовски демантираше дека имало следење без законски основ и сомнеж. И од обивнителствотот се оградија дека имало налози за следење без барање од АНБ. Сепак, оформиле предмет за проверка на документите доставени од Христовски за незаконско постапување на вработени во Агенцијата.