Македонија
10. September 2025 - 16:41

Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања

Пратениците влегоа во Агенцијата за националана безбедност. Точно напладне група од 6 пратеници членови на собрансиката комисија за надзор врз работењето на АНБ кои поседуваат безбедносен сертификат влегоа во институцијата, со иста цел, но различни барања.

Според пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на чија иницијатива се врши надзорот, најважно е да се открие кои лица и зошто биле таргет на следење од страна на АНБ. Опозициската СДСМ пак останува на барањето АНБ да ги декалсифицира документите во интерес на јавноста.

Покрај посетата на АНБ, на денешната седница на комисијата пратениците се договорија утре точно напладне надзор да извршат и во Агенцијата за разузнавање. 

Вонредните надзори следат по сомнежите дека новинари, политичари и бизнисмени, меѓу кои и Мицкоски, биле мета на претходното раководство на Агенцијата за националана безбедност. Екс директорот Димовски негираше дека имало незаконско следење на нивните комуникации, додека наводите ги испитуваат и јавнните обвинители за гонење на организиран кринимал и корупција кои во петокот влегоа во АНБ.