Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро
Забрзано исчезнуваат големи количества вода од Преспанското езеро. Второто по големина природно езеро во земјава се соочува со егзистенцијална криза,повлекувањето зазема алармантни димензии, кои веќе неколку години се видливи и со голо око за самите посетители а предупредувањата на научниците се црни доколку веднаш не се преземат итни и сериозни мерки.
Што ке се случува со езерото е тешко да се каже бидејќи нема некој голем доток површински .
Научната фела смета дека климатските промени и оние што ги предизвикува човекот, како и директното искористување на водата за човечки потреби придонесуваат за намалувањето на водостојот .
Инаку Преспанското Езеро со крајбрежниот појас поради природните убавини и други научни вредности е прогласено за споменик на природата.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар