Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
Складот за електронски отпад под контрола по вчерашниот пожар. Од делови од него се уште чади, но противпожарните служби ги прават последните потрупувања со земја.
- Сега се работи на догасување и проверување дали имаме некаде остатоци од самото горење. Некаде околу 80% од периметарот од објектот кој беше опжарен, вели командирот на ТППЕ Скопје.
-Пожарникарите ја наводнуваат земјата, односно песокот којшто е насипан врз опожарената површина за да престане чадењето. Се надевам дека во наредните часови тоа драстично ќе биде намалено, а можеби и целосно прекинато но тоа не можеме да го гарантираме. Ова за нас е ново искуство како држава вели директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Четири лица, сопственици и управители на складот се на информативен разговор. Но за утврдување на точните причини за пожарот, Јавното обвинителство чека да се создадат услови за извршат увид. Побарале асистенција од Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана кои направиле мерења и детекција на хемиска и токсична контаминација на воздухот. Радијација не е детектирана, контаминацијата е хемиска, велат од ОЈО.
Обивнителите се уште ги чекаат наодите од мерењата на Државниот инспекторат за животна средина.
-Јавниот обвинител издава наредби за обезбедување на целокупната документација за работата на компанијата во чии магацини настана пожарот. Во следниот период, по создавање на услови и обезбедување на податоци за видот на складираните објекти, ќе биде наредено вештачење за да се утврди видот на контаминација и последиците од загадувањето, велат од ОЈО.
Документацијата од компанијата Ф-групација ќе треба да покаже што точно изгоре вчера во Трубарево. Инспекторатот вели дека морале да чуваат прецизни документи.
-Тие треба да имаат устроена евиденција, дневна, месечна и годишна на која точно ќе се види што примиле, а што изнеле, затоа што како што се моите информации во 2021 имаат измена на дозволата за да извезуваат. Значи, да прибираат и за извезуваат. Колку точно количина ќе утврди инспекторатот. Приберена е целата документација, да видиме дали имале устроена евиденција дали имале видео надзор. Ние имаме информации дека имале, но дали тој бил во функција, дали ако изгорел имале бекап. Сето тоа треба да видиме. Во постојана комуникација сме со Секторот за економски криминал при МВР.
Премиерот денеска ги подгреа наводите на првиот човек на ДЗС дека Македонија е цел на хибридни напади. Вели, не може да каже многу детали, но центри на моќ не сакале оваа Влада да успее.
Околните основни училишта до 19 септември наместо со физичко присуство, настава ќе имаат онлајн. Министерството за образование објави дека оваа одлука важи за училиштата „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“.
Вчера полицијата се обидела да изврши евакуација на локалното население. Но не сите прифатиле да бидат евакуирани.
Во меѓувреме, Дрисла се уште чади, а според надлежните институции повеќе од половина од зафатениот простор е потрупан со земја. Очекувањата се дека во наредните денови целосно да запре чадењето од депониајта која во изминатите неколку денови ги угуши скопјани.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар