Македонија
16. September 2025 - 12:19

СДСМ: На Мицкоски не може да му се верува

После толку многу манипулации со изјавите - на Мицкоски не може да му се верува, реагираат од СДСМ на прес конференција утрово.

Од партијата велат дека Министерот за внатрешни работи потврдил дека нема осомничени за хибридни напади врз Македонија со што според нив станало јасно дека со своите тврдења премиерот се обидувал да ја скрие неспособноста за справување со пожарите.