Македонија
16. September 2025 - 12:26

Подметнат пожар во сервис за возила во Пинтија

Пожар рано утрово е подметнат во сервис за автомобили во скопската населба Пинтија во општината Кисела Вода.

Видеото кое рано утрово стигна во нашата редакција покажува како едно лице ги полева автомобилите веројатно со бензин по што ги пали. За среќа нема повредени но предизвикана е сериозна материјална штета.