Подметнат пожар во автосервис во близина на „Стаклара“
Запален е автосервис рано утрово во близина на поранешна стаклара. Изгоре речиси цел плац со околу 20 автомобили а опожарен е и уште еден автоплац. Со брзата интервенција на пожарникарите избегната е тешка катастрофа бидејќи до сервисот се наоѓа поголем електричен столб. Пријавата пристигнала нешто пред 4 ч утринава а на терен интервенирале 8 против пожарни возила во координација со ДЗС. Пожарот е подметнат според снимките кои се објавени од безбедносните камери. Се гледа како едно лице се прекачува преку ограда и врз автомобилите истура бензин а потоа ги пали и бега.
Полицијата веднаш ги евакуирала жителите од населбата Каменик кои живеат на само неколку метри до автосервисот. Жителите велат слушнале екплозија, а брзо потоа полицијата им тропнала на врата.
Сопственикот на сервисот не сакаше да зборува јавно но вели овде работи со години и со сите добро живее во околината. Тој тврди дека до сега со никој не бил замерен и не добивал закани. Од полицијата се уште нема детали но се работи на идентификување на повеќе лица. Од овој сервис до главната улица има уште неколку приватни фирми од чии камери веројатно може да се види каде се упатува лицето кое го подметнува пожарот. Полицијата направила увид но детали за случајот се уште нема.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар