Македонија
16. September 2025 - 19:07

Агресивно се однесувал кон полициски службеници, приведен 50-годишник

Жител на демиркаписко село бил приведен откако го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници.

- Синоќа во 23:40 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино го приведоа А.П., на возраст од 50 години од село Корешница, демиркаписко, затоа што на улица „Ацо Аџи - Илов“ во Неготино го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници, кои извршувале службени задачи, информираа од Секторот за внатрешни работи - Велес.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, како што појаснија од СВР - Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

МИА