Мицкоски: Опозицијата прави предизборни конструкции поради безидејност
Опозицијата е таа која што се служи со контрукции и лаги за да добие глас повеќе, смета премиерот Мицкоски по обвинувањата од СДСМ дека предизборна манипулација е тезата на власта дека последните пожари се подметнати и искористени од центри на моќ за политички поени.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ претходно обвинуваше за безидејност и на албанската опозиција што ја предводи ДУИ, коментирајки дека во помош и излага дури и Левица.
Од ДУИ пак, велат дека тој го потценува албанскиот глас и дека не кандидрал свои кандидати во СТРУГА, Чаир, Гостивар и Тетово за да им помогне на Вреди.
- Реалноста е следна: Мицкоски сфати дека ДУИ не може да се елиминира. ДУИ не е само партија — туку е политичка организација на Албанците, .... Секоја негова реченица за „елиминација“ всушност е повик за укинување на политичкиот глас на Албанците. Тоа е опасна националистичка реторика — пропадна во 2001 година и ќе пропадне повторно. За жал, во оваа валкана игра, ВРЕДИ се согласил да биде инструмент, дури мал инструмент на Мицкоски
И од Вреди обвинуваат дека Левица ја кандидирала пратеничката Мојсоска во Струга само за да ги собере македонските гласови обвозможувајќи му на ДУИ втор круг. Од партијата на Апасиев пак, возвраќаат дека токму власта прави партиски и етнички пазар за размена на општини и функции.
-
Катерина Нешковa
Сите содржини од овој новинар