Анализа: Нов закон за средно полициско училиште - Предности и недостатоци
Средно полициско училиште од следната учебна година. Ова го предвидува новиот закон за кој се очекува да добие зелено светло од пратениците по изборите. Тоа значи дека секој средношколец кој сака да стане полицаец, кога ќе заврши втора година, треба да се запише во ова училиште и откако ќе заврши четврта година, ќе може да им служи на граѓаните. Експертите со поделени мислења за законот.
Средно полициско училиште се основа како државно средно училиште. Наставните програми и планови за реализција ги утврдува министерот за образование во согласност со министерот за внатрешн работи. Со училиштето ќе управува совет на наставници кој ги назначува министерот за внатрешни работи, кои пак од своите членови ќе си изберат претседател.
Во предлог законот се наведува дека од ваков тип на образование се спроведува во Чешка, Хрватска и Србија. Нивното искуство покажало дека се произведува помала бројка на кадар, но се добива поголем квалитет бидејќи станува збор за двегодишно образовение, кое е подолго во споредба со основната обука за полицаец.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар