Македонија
21. September 2025 - 16:48

Македонија до декември ќе ги исполни условите за роаминг како дома

Владата ќе лобира Македонците побрзо бесплатно да разговааат во роамниг отколу останатите земји од Западен Балкан. Нашата земја до крајот на годината ќе ги исполни обврските кои ги бара Унијата, додека другите не се ни до пола. Затоа, ресорниот министер Андоновски вели дека ќе лобира ние пред нив да се приклучиме. 

- Ние нашите обврски ќе ги завршиме до декември 2025-та и очекувам наредната година први да го потпишеме договорот за роаминг со нула трошоци за македонските граѓани, Минатиот пат, кога се потпишаа договорите за роаминг на Западен Балкан ги потпишаа сите држави во исто време. Овој пат, со оглед дека е во врска со ЕУ, би требало да биде секоја држава за себе. Планот на ЕУ е за сите држави од Западен Балкан. Тоа останува да го дискутираме на претстојниот „Дигитален самит на Западен Балкан 2025“ и се надевам дека ќе имам е конкретен одговор на ова прашање, но наша обврска е ние да бидеме подготвени до јануари, изјави Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Токму оваа иницијатива ќе ја предложи на престојниот „Дигитален самит за Западен Балкан“, кој ќе се одржи за десетина дена во Скопје.

Забрзана дигитализација на услугите кои ги добиваат граѓаните од јавните институции, посилна заштита на личните податоците, односно поголема сајбер безбедност, дигитален паричник и подобри дигитални вештини ќе бидат главните теми за кои ќе дебатираат над 800 учесници од регионот на претсојниот самит.